Македонија

Сиљановска – Давкова: Земји што кршеле обврски биле исклучувани од Советот на Европа (ВИДЕО)

Не може овие принципи да важат за земјите членки на Европската Унија, а да не важат и за државите кандидати, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Од изјавите на нашите соседи може да се заклучи дека не мируваме, работиме, но не секогаш тоа се гледа, изјави за процесот на евроинтеграции во интервју за ТВ 21 претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Таа ја објасни изјавата на премиерот Мицкоски кој предходно рече дека ако треба ќе се чека со децении за влез во ЕУ но нема да бидат прифатени уцените од соседите кој влијаат на македонскиот идентитет.

„Морам да напоменам дека кога се цитира изјавата на премиерот Мицкоски, се заборава дека не беше таква што ја повторуваме сите, туку поврзана со зборот ,,доколку” во односите со Бугарија. Не мислам дека децении треба да чекаме, напротив, некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста. Би било пред очите на јавноста кога јас би била професорка, но како претседателка многу работи заради суштината на дипломатијата, не мора да се случуваат јавно. Тоа не значи дека ги нема. Во политиката може посредно преку изјавите на нашите соседи, а многу читам деновите, од тоа дека сме имале клучно влијание на господинот Вајц, па дека сме ги информирале, дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски чевлите ги изабил одејќи, може да се заклучи дека не мируваме, работиме, но не секогаш тоа се гледа“, истакна Сиљановска Давкова за ТВ 21.

Taa рече дека секогаш имала добри односи и водела долги разговори со поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев иако имале различни ставови и додаде дека не секогаш остануваат тврдите ставови по некое прашање, како на Радев за нашето членство во ЕУ, кога ќе се преземе одговорноста за водење на државата, доколку успее во тоа.

Македонија, рече Сиљановска-Давкова, не само што чекори рамо до рамо со водечките кандидати за членство во Европската Унија, туку во одредени сегменти е и пред некои од нив и нагласи дека пристапниот процес треба да се води врз основа на факти и критериуми, а не на, како што рече, ирационални барања.

„Зборуваме за политика заснована на докази, а не на ирационални услови. Тоа покажува дека не само што сме рамо до рамо со главните претенденти за брзо членство во ЕУ, туку сме и подобри од некои од нив“, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа посочи дека македонското законодавство во голема мера е усогласено со европското, што, според неа, е дополнителен аргумент за напредокот на државата во евроинтегративниот процес, но сепак предупреди дека и покрај исполнувањето на условите, процесот може да биде блокиран од страна на земјите членки.

„И најбрзите кандидати може да ги затворат кластерите и поглавјата, но утре повторно некоја членка може да стави вето и да отвори прашања што немаат врска со Копенхагенските критериуми, туку се поврзани со историјата и културата“, рече таа.

Според претседателката, токму ваквите прашања не треба да бидат дел од преговарачкиот процес и за нив не се потребни дополнителни гаранции.

Во однос на можните решенија, Сиљановска-Давкова посочи дека понекогаш е потребна креативност и флексибилност во толкувањето на одредени протоколи, но без да се навлегува во детали во јавноста.

„Креативноста некогаш е нужна. Постојат различни можности за интерпретација на протоколите, но тоа се прашања што бараат внимателен пристап“, додаде Сиљановска-Давкова.

Таа оцени дека е парадоксално да се бара од земјите членки на Европската Унија гаранција дека ќе ги почитуваат одлуките на Европски суд за човекови права во Стразбур, со оглед на тоа што тие веќе се обврзале на тоа со прифаќањето на европските правни стандарди. Истакна дека често се слуша ставот дека никој не може да даде гаранции, но дека тоа обично се поврзува со правото на вето што го имаат членките на Европската Унија.

Според неа, гаранциите се составен дел од европското право и од конститутивните документи на Унијата.

„Ако Европската Унија ја потпишала и ратификувала Европската конвенција за човекови права и ја признала јурисдикцијата на Судот во Стразбур, тогаш е парадоксално да се бара гаранција дека тие одлуки ќе се почитуваат. Пресудите на Судот треба да важат за сите членки на ЕУ“, нагласи Сиљановска-Давкова.

Во рамките на Совет на Европа, рече Сиљановска, во минатото биле преземани и сериозни мерки кон држави што ги прекршувале фундаменталните обврски, вклучително и можноста за исклучување од организацијата.

Сиљановска-Давкова додаде дека во Лисабонски договор, инспириран од Копенхагенските критериуми, јасно е наведено дека се почитуваат националниот и културниот идентитет на државите и народите, како и достоинството и интегритетот на граѓаните.

„Не може овие принципи да важат за земјите членки на Европската Унија, а да не важат и за државите кандидати“, порача претседателката Сиљановска-Давкова за ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Казината подалеку од училиштата – Законот за игри на среќа на јавна дебата во Собрание

Предлог законот предвидува во иднина казината да не смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, како и забрани за нивно рекламирање особено дека со нив се постигнува финансиски успех или пак кое е посебно насочено кон малолетни лица да се вклучат во игрите на среќа.

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер […]

Одземено „порше“ – приведен возач од Србија, кој управувал со 188 километри на час

Полициски службеници синоќа го привеле Б. С. (30) од Република Србија бидејќи со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“, со српски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (30). По извршеното мерење, […]

To top