Македонија

Армиски хеликоптер во борба со огнената стихија на Пелистер (ВИДЕО)

Армискиот хеликоптер Ми-8МТ со тричасовен налет исфрли 28 тони вода врз активните жаришта на пожарот во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“

Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска бил ангажиран во гаснењето на шумскиот пожар во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен.

Како што наведува Армијата на својата Фејсбук страница, хеликоптер Ми-8МТ реализирал тричасовен налет, при што биле исфрлени 14 противпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз активните жаришта.

-Гаснењето се реализираше со истовремена поддршка и од земја, во координација со ангажираните екипи на терен, стои во објавата на Армијата.

Воздухопловниот ВИНГ останува во целосна оперативна подготвеност за понатамошна воздушна поддршка согласно состојбата и потребите на теренот.

Претходно, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов изјави дека пожарот што изби од преспанската страна и се движи кон Националниот парк „Пелистер“ и понатаму е најтежок и најкомплексен за гасење во земјава, а во неговото сузбивање се вклучени копнени сили, механизација, ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и армиски хеликоптер.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top