Македонија

АВМУ го искара Филипче за изјавата за медиумите

Апсолутно недозволиво е носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите“, наведуваат од Агенцијата

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрази загриженост по изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која беа изнесени обвинувања за наводна политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа.

Од АВМУ посочуваат дека јавното етикетирање и инструментализација на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи, ниту со гарантираната слобода на изразување.

„Апсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите“, наведуваат од Агенцијата.

Во реакцијата се нагласува дека доколку постојат сомнежи за евентуални незаконитости или нерегуларности во работењето на медиумите, наместо преку јавни обвинувања или политички квалификации тие треба да се изнесат пред надлежните институции за понатамошно постапување.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикуваат сите политички субјекти да се придржуваат кон одговорна и конструктивна комуникација и да се воздржат од изјави кои можат да ја нарушат довербата во медиумите или да создадат притисок врз нивното работење.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top