Македонија

Автобуската линија „35“ ќе продолжува до Радишани

Со оваа мерка, Општина Бутел преку јавниот градски превоз директно ќе биде поврзана со Општина Аеродром

Барањето на жителите на Општина Бутел за продолжување на автобуската линија со број „35“ е прифатено. Автобусите за неколку дена ќе сообраќајот до Радишани, како последна станица.

-Процедурата за продолжување на автобуската линија 35-ка е завршена. Заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеоргиевски, и директорот на ЈСП постигнавме договор за нејзино продолжување до Радишани. Деновиве ќе го презентираме новиот возен ред, а за неколку дена ќе биде пуштена пробна линија која ќе сообраќа до последната станица на линијата 57 во Радишани, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој се надева дека за продолжената линија ќе има голем интерес од граѓаните и дека таа ќе остане трајно решение.

Со оваа мерка, Општина Бутел преку јавниот градски превоз директно ќе биде поврзана со Општина Аеродром.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top