Македонија

Азизи: Ахмети нема морално право да бара Вреди да ја напушти владата

„Шефот на изборниот штаб на коалицијата Вреди Аднан Азизи остро реагираше на повиците на лидерот на ДУИ Али Ахмети ВЛЕН да ја напушти владата. Во реакција на Фејсбук, Азизи го потсети Ахмети дека останал во владата дури и во најтешките моменти за Албанците и оти затоа денес нема морален легитимитет да бара оставка од другите.“ […]

„Шефот на изборниот штаб на коалицијата Вреди Аднан Азизи остро реагираше на повиците на лидерот на ДУИ Али Ахмети ВЛЕН да ја напушти владата. Во реакција на Фејсбук, Азизи го потсети Ахмети дека останал во владата дури и во најтешките моменти за Албанците и оти затоа денес нема морален легитимитет да бара оставка од другите.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Порталот пишува: „Али Ахмети не ја напушти владата кога се случија голема низа трагични и сериозни настани со Албанците, за кои ДУИ и тој не само што не презедоа одговорност, туку останаа цврсто на власт. Ахмети не ја напушти владата ниту кога Албанците беа дефинирани во Уставот како ‘20 проценти’. Затоа тој нема морално право да бара од другите да си замина од владата.“ – посочува Аднан Азизи.

Азизи го нарекува Али Ахмети „исцрпен и изморен политичар“. Според Аднан Азизи од Вреди, „Али Ахмети помогнал во политички процеси против Албанците, стоел зад проекти за деалбанизација на Скопје и помогнал во составувањето на озлогласената антиалбанска Македонска енциклопедија“. „Али не избега од власт кога Скопје беше деалбанизирано со моноетничкиот проект ‘Скопје-2014’, ниту кога младите Албанци масовно избегаа на Запад. Денес кога Албанците се дел од владата со целосен авторитет и достоинство, тој бара да си заминеме, само за да можат тој и ДУИ да се вратат на власт.“ – наведува Азизи.

Азизи подвлекува дека, „според логиката на Ахмети, Албанците треба да бидат во владата само за да им служат на македонските лидери и да молчат пред неправдите“. „Ова е логиката на идеолошки болен славокомунист.“ – заклучува Азизи, пренесе „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепини“! – Мајката го донела во штипската болница во тешка здравствена состојба!

Тригодишно дете од Штип вчера е примено во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија. По извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиазепини“, соопштија од СВР-Штип.

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата, инвестициски циклус од неколку милијарди евра

Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

To top