Свет

Предупредување на најголемо нарушување на пазарот на нафта поради војната на Блискиот Исток

Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, повеќето од седумте земји од Персискиот Залив – Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и Иран – значително го намалија производството поради нивната зависност од Ормутскиот теснец.

Меѓународната агенција за енергија предупреди дека војната на Блискиот Исток, заедно со нападите врз бродови во Персискиот Залив и енергетските капацитети во регионот, предизвикува „најголемо нарушување на снабдувањето во историјата на глобалниот пазар на нафта“. Протокот на сурова нафта и деривати низ Ормутскиот теснец, низ кој нормално поминува околу една петтина од дневното глобално производство, се намали на „мало“, објави CNN.

ИЕА го означи тој воден пат, кој го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и Арапското Море, како „најкритична транзитна точка за нафта во светот“. Земјите од Персискиот Залив, со ограничени алтернативи за извоз и полни резервоари, го намалуваат вкупното производство за најмалку 10 милиони барели дневно.

Агенцијата предупредува дека загубите во снабдувањето ќе се зголемат ако протокот на превоз не се врати брзо. ИЕА предвидува дека глобалното снабдување со нафта ќе падне за осум милиони барели дневно овој месец, а намалувањето на производството во регионот делумно ќе биде компензирано со поголемо производство во други земји.

Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, повеќето од седумте земји од Персискиот Залив – Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и Иран – значително го намалија производството поради нивната зависност од Ормутскиот теснец, пренесува Танјуг.

Најнови вести од: Свет

Ќе добие ли Берлин не-германка од турско потекло за градоначалник

Доколку Ералп стане градоначалник, таа ќе биде првата градоначалничка на Берлин со турско потекло, првата жена лидер на провинција во Германија со мигрантско потекло и првата политичарка од „Левица“ што ќе го води главниот град на Германија

Гутереш: Африка треба да добие место во Советот за безбедност на ОН

Мораме да се реформира меѓународната финансиска архитектура создадена од богатите за богатите и да ја направиме поусогласена со потребите на земјите во развој, особено во Африка“ (линк во коментар)

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

To top