На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова беше свечено пречекана во Елисејската палата од францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит Макрон.
На црвениот тепих пред влезот во палатата, под стража на почесната гарда во свечени униформи и воен марш, покрај француското знаме, тројцата позираа заедно за фотографи.
Предходно домаќините ја пречекаа Сиљановска-Давкова со бакнежи и прегратки.
Претседателот Макрон, кој ја организира свечената вечера во седиштето на француското претседателство е облечен во класичен црн смокинг со црна вратоврска, стои лево.
Во средината е претседателката Сиљановска-Давкова, во елегантен темносин фустан и бисерен ѓердан, а до неа првата дама Брижит Макрон во темносин долг фустан со шал.
Моментот го овековечија камерите во свечена и достоинствена атмосфера, типична за протоколот на Елисејската палата.
Пречекот се одвива во рамки на учеството на претседателката на Парискиот мировен форум, каде што се среќаваат светски лидери за дискусии за мир, соработка и глобални предизвици.
Видеото е објавено од страна на кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова