Македонија

Баран со меѓународна потерница, уапсен на ГП Ќафасан

Ф.А. (32) бил баран со меѓународна потерница и ќе биде екстрадиран во Германија

На граничниот премин „Ќафасан”, на албанско-македонската граница кај Струга, вчера бил уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

„Уапсен е Ф.А. (32) жител на С. Македонија, баран со меѓународна потерница издадена од Интерпол Висбаден/Германија за кривично дело “измама”. Овој македонски државјанин ќе биде екстрадиран во Германија“, стои во полициското соопштение.

Ова не е прб случај албанската полиција да апси македонски државјанин баран со меѓународна потерница на овој премин.

Неодамна  беше уапсен А.А.(34), жител на Кичево, кој бил осуден на 20 години затвор и баран со меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн/Швајцарија,  врз основа на наредба на Јавното обвинителство на кантонот Аргау.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top