Македонија

Белград во страв дека Бугарија ќе ги нападне Македонија и Јужна Србија – Вучиќ се вооружува „до заби“

Историскиот конфликт меѓу двете земји секогаш бил за македонските територии и луѓе

Во анализа на бугарската медиумска агенција Бгнес со наслов ,,Белград ја обвини Бугарија за амбиции кон Македонија, Србија се вооружува „до заби“, се даваат сценарија за евентуален судир меѓу ЕУ и Русија кој може да ги отвори вратите на пеколот на Балканот.

„Кога ќе се случи отворен воен судир меѓу Русија и Европската Унија – а сосема е јасно дека таков судир неизбежно ќе се случи – Србија ќе биде нападната од овој сојуз и војната ќе стане неизбежна“, е изјавата на блискиот соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ, Владимир Ѓукановиќ, која е повод за анализата.

,,Воениот сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана е директно насочен кон Србија и во одреден момент би можел да ја вклучи и Бугарија со своите амбиции кон Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Софија”, изјави деновиве Владимир Ѓукановиќ, член на раководството на владејачката Српска напредна партија (СНС).

„Врз основа на сегашните проекции и она што веќе може јасно да се види од однесувањето на нашите соседи, конфликт на Балканот ќе избувне во одреден момент“, рече тој.

Во коментар за српскиот весник Политика, Ѓукановиќ напиша дека сè околу таканаречениот „воен сојуз“ е „јасно како ден“.

„Затоа принципот на Вучиќ да се вооружиме до заби и да инвестираме значителни средства во модернизација на армијата е од витална неопходност“, напиша тој, додавајќи дека нема намера никого да исплаши, туку едноставно не сака да „бега од реалноста“.

„Ракавициве се симнати, а нашата шанса да го зачуваме мирот зависи од тоа колку сме подготвени за сериозен конфликт. Колку сме подобро подготвени, толку е поголема шансата да го одвратиме секој потенцијален агресор од напад врз нас“, додаде Ѓукановиќ.

Дописникот на БГНЕС од Белград забележува дека Бугарија постојано изјавувала дека нема да учествува во воени сојузи надвор од НАТО.

Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација за одбрамбена соработка на 18 март 2025 година во Тирана. Документот не создава воен сојуз, туку воспоставува трилатерална соработка во одбраната и безбедноста меѓу трите земји, потсетува агенцијата.

Декларацијата, потпишана од министрите за одбрана на трите држави, предвидува зајакнување на одбранбените капацитети преку соработка и координација, подобрување на одговорите на заканите за националната и регионалната безбедност и развој на соработката во одбранбената индустрија и заедничките технологии.

Исто така, сојузот предвидува заеднички воени вежби, размена на искуства, обука и едукација на персонал, подобрување на интероперабилноста меѓу вооружените сили и соработка против хибридни закани како што се кибер нападите и дезинформациите.

Документот изразува заедничка посветеност на подлабока интеграција во евроатлантските институции, вклучително и НАТО, и поддршка за учеството на Косово во програми како што е Партнерството за мир.

Српско-бугарски конфликт низ историјата според Британика и други енциклопедии

Српско-бугарскиот конфликт е активен од 1885 година преку Балканските војни (1912–1913) се до Втората светска војна.

Конфликтот бил поттикнат од интензивна конкуренција за територијална експанзија во Македонија и регионална доминација по падот на Отоманската империја.

Клучните конфликти вклучуваа Српско-бугарската војна од 1885 година, во која Бугарија победи по нејзиното обединување, и двете балкански војни каде што финално Бугарија беше поразена од Србија и нејзините сојузници.

Клучни историски конфликти:

Српско-бугарската војна (1885–1886): Предизвикана од обединувањето на Бугарија со Источна Румелија, кое Србија го сметаше за закана за нејзината рамнотежа на моќ.

И покрај очекуваната српска победа, бугарските сили ја добиле решавачка битка кај Сливница, обезбедувајќи го своето обединување.

Втора балканска војна (1913):

Бугарија ги нападна своите поранешни сојузници, Србија и Грција, незадоволна од поделбата на Македонија по Првата балканска војна. Бугарија беше поразена и изгуби територија, поттикнувајќи длабоко негодување.

Прва светска војна: Бугарија им се придружи на Централните сили за да се бори против Србија и да ја заземе Македонија, што резултираше со брутална окупација.
Во втората светска војна Бугарија беше на страната на Хитлер и ја окупираше Македонија по што на крајот на војната ја смени страната.

Основни причини за судирот меѓу Србија и Бугарија

Територијално соперништво: Двете нации се обидоа да ги дефинираат своите граници и да се прошират во Македонија, која беше под османлиска власт.

Национални амбиции: Сонот за „Голема Бугарија“ (од Санстефанскиот договор од 1878 година) беше директно во конфликт со српските аспирации за регионална превласт, според Британика.

Најнови вести од: Македонија

Арачиновецот С.С. како „претставник на фирма за мебел“ зел капар 550 евра од жена од Тетовско, па „испарил“!

Четириесет и седумгодишна жена од тетовско пријавила во полиција дека била измамена за 550 евра од лице, кое се претставило како претставник на фирма за мебел. Според пријавата, на 16 март во 13:00 часот во СВР Тетово таа навела дека во текот на февруари преку социјална мрежа стапила во контакт со С.С. од скопското село Арачиново, со кого се договорила за нарачка на мебел.

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, во постојана координација сме со сојузниците во НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и оти безбедносните служби редовно разменуваат информации со партнерските земји. Според него, во моментов нема укажувања за директна закана по безбедноста на државата, но институциите остануваат внимателни и подготвени да реагираат, ако се појават опасности. Мисајловски го изјави ова во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

Најнови вести

To top