Македонија

Бесплатен концерт на светската оперска легенда Хозе Карерас на 1.9.2026 во Скопје по повод Денот на независноста на Македонија!

По повод 35 години од независноста на 1 септември на плоштадот во Скопје ќе настапат светски познатиот тенор и најголемите македонски музички имиња, во придружба на македонската филхармонија, а во организација на Владата. Со славниот тенор ќе пејат Калиопи, Каролина Гочева, Наум Петревски, Сузана Спасовска…

На 1 септември на плоштадот Македонија во Скопје по повод 35 години од независноста ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, најави денеска Бобан Милошески од Авалон продукција. На концертот со наслов „Хозе Карерас и македонските ол стар“, ќе настапат Калиопи, Каролина Гочева, Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески, како и оперските певци Ана и Игор Дурловски, во придружба на Македонската филхармонија. – Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени, изјави Милошески.

Концертот ќе биде поделен во два музички дела. Во првиот дел ќе настапат македонските музички ѕвезди заедно со над 60 музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со специјални оркестрации и аранжмани подготвени од маестро Николче Мицевски. Вториот дел од вечерта ќе му припадне на Хосе Карерас, кој ќе настапи со својот светски репертоар заедно со Македонската филхармонија, предводена од неговиот долгогодишен диригент Давид Хименес. Организаторите најавуваат и специјални музички спојувања меѓу македонските изведувачи и светскиот тенор, кои ќе останат изненадување за публиката.

Во преговорите за настанот биле вклучени и пејачот Владо Јаневски и пијанистот Симон Трпчески, но поради зафатениот распоред, тие нема да настапат. Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери, рече дека му е чест што токму оркестарот на Филхармонија ќе ја отвори прославата по повод 35 години независност. Концертот ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани.

Портпаролката на Владата, Марија Митева рече дека се подготвуваат за достојно одбележување на 35 години независност. – Навистина ни е важно и сакаме граѓаните да уживаат и да покажеме дека имаме капацитет да организираме настан со македонски и со светски ѕвезди – рече Митева.

На 8 септември во рамки на јубилејната програма на градскиот стадион ќе настапи светски познатиот француски диџеј Дејвид Гета со „Monolith Stadium Show“.

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Најнови вести

To top