Македонија Свет

Бислимовски: Од војната Израел-Иран ќе настрадаме и ние

Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијание врз цената на нафтата во Македонија, смета првиот човек на Македонскиот енергетски совет, Марко Бислимовски, но не очекува влијание врз цените на другите производи. По синоќешните напади на Израел врз Иран, тој истакна дека утрово цената на нафтата на светските берзи се зголемила за околу десет долари. […]

Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијание врз цената на нафтата во Македонија, смета првиот човек на Македонскиот енергетски совет, Марко Бислимовски, но не очекува влијание врз цените на другите производи.

По синоќешните напади на Израел врз Иран, тој истакна дека утрово цената на нафтата на светските берзи се зголемила за околу десет долари. Зголемувањето, според Бислимовски, е шест до седум долари.

„Апсолутно ќе има влијание, да видиме како ќе се одрази во наредните денови. За следната недела не верувам дека ќе има некакво драстично влијание кога ќе ја донесеме одлуката, но тоа ќе продолжи само ако продолжи овој тренд на високи цени на нафтата. Апсолутно ќе има влијание врз цената што ќе ја плаќаат корисниците во Македонија“, рече Бислимовски денес.

Најнови вести од: Македонија Свет

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top