Македонија

Бившиот шеф на кабинетот на Зеленски, Јермак, осомничен за перење пари

„Десната рака“ на украинскиот претседател од 2020 до 2025 година се соочува со казна од 8 до 12 години затвор

Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САП) објавија дека на Андриј Јермак, поранешен шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, му е доставено официјално известување дека е осомничен во истрага за перење пари од приближно 460 милиони гривни (околу 14,5 милиони евра).

Според НАБУ и САП, истрагата се однесува на организирана група осомничена за перење пари преку градежни проекти.

Јермак е обвинет според член од украинскиот Кривичен законик што се однесува на перење пари во големи размери и легализација на имот стекнат преку криминална активност.

За овие кривични дела се предвидува затворска казна од 8 до 12 години со конфискација на имот, пренесува „Укринформ“.

Случајот е дел од пошироката операција „Мидас“, започната кон крајот на 2025 година поради сомневања за корупција во енергетскиот сектор и влијание врз државните претпријатија, вклучувајќи го и „Енергоатом“.

Истрагата претходно вклучуваше осомничени, меѓу кои и одредени бизнисмени и поранешни функционери поврзани со енергетскиот сектор, додека некои од осомничените ја напуштија Украина и по нив е издадена меѓународна потерница.

Најнови вести од: Македонија

Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор

Истовремено, пратеникот од Демократската партија на Турците (ДПТ) Бејџан Иљас, кој дојде од листата на Европскиот фронт предводен од ДУИ, се приклучи на владејачкото мнозинство. Со неговото приклучување, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 59 пратеници без пратениците од коалициските партнери во власта – ВРЕДИ и ЗНАМ.

„Ние не сме Див запад“, одговорност во Гостивар ќе има, вели Тошковски

Одговорност ќе се побара од секој за кого ќе се утврди дека, без разлика дали со дејствување или со пропуштање да постапи согласно законските обврски, придонел за оваа состојба, вели министерот

To top