Македонија

Бизнис заедницата трча: Business Run на 4 јуни

Организаторите ги повикуваат сите деловни субјекти да ги мотивираат своите вработени и навремено да ги пријават своите тимови за да бидат дел од ова незаборавно спортско и деловно искуство.

По минатогодишниот огромен успех и одличната атмосфера, Скопје се подготвува за второто издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K, еден од најмасовните корпоративни спортски настани во земјата. Трката ќе се одржи на 4 јуни (четврток), со почеток од 18:00 часот, а стартната позиција повторно ќе биде на кејот на реката Вардар, пред болницата Acibadem Sistina и Premium Sport Center.

Овој уникатен тим-билдинг настан под отворено небо нуди совршена можност за зајакнување на тимскиот дух, дружење надвор од канцеларијата и промоција на здрави животни навики кај вработените. Пријавувањето е веќе активно и се одвива преку официјалната веб-страница www.prvdovrv.mk/business5k. Рокот за пријавување е 27 мај 2026 година. Бројот на учесници е ограничен.

На премиерното издание минатата година, овој настан собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии, вклучувајќи ги секторите за финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, како и јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Во силна конкуренција, титулата за најбрз тим ја однесе Халкбанк, пред Комерцијална банка на второто и Шпаркасе банка на третото место. Трката и оваа година е дел од престижната регионална лига Adria Corporate Run League, што значи дека најдобриот македонски тим ќе добие шанса да ја претставува нашата земја на големото регионално финале во друштво на најдобрите компании од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Програмата на 4 јуни ќе започне во 18:00 часот со одлична музика предводена од диџеј и водител, по што ќе следува подигнувањето на стартните пакети кое ќе трае до 18:30 часот. Веднаш потоа, во 18:40 часот, фитнес инструктор од Premium Sport Center ќе го поведе организираното загревање за активирање на мускулите и енергијата кај учесниците. Официјалниот старт на тимскиот предизвик на 5 километри е закажан за 19:00 часот. По завршувањето на трката, од 19:30 часот започнува големата after-run забава каде сите присутни ќе уживаат во вкусна храна, пиво и безалкохолни пијалоци, проследени со енергичен настап во живо на музички бенд. Вечерта ќе заокружи со свеченото прогласување на победниците во 21:00 часот и возбудливата лотарија со изненадувања и подароци која ќе започне во 21:30 часот.

Право на учество на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K имаат тимови составени од вработени во компании, институции, организации, здруженија и дипломатски претставништва. Секој тим мора да брои најмалку три члена, при што е задолжително барем едно лице да биде од спротивниот пол, со оглед на тоа што рангирањето се врши според вкупното време на тројцата најбрзи членови во тимот.

Организаторите ги повикуваат сите деловни субјекти да ги мотивираат своите вработени и навремено да ги пријават своите тимови за да бидат дел од ова незаборавно спортско и деловно искуство.

Настанот го организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, со поддршка на Croatia Осигурување и Acibadem Sistina.

Најнови вести од: Македонија

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

To top