Македонија

Бојковска: Новиот Кривичен закон за гонење на на корупцијата и високиот криминал ќе биде донесен до јуни годинава!

Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ,  во емисијата ,,Само вистина“ на ТВ Канал 5 се осврна на измената на Кривичниот законик, изгласана денес во Собранието, нагласувајќи дека се подготвува и нов Кривичен закон, за кој веќе има нацрт-верзија.

,,Денеска официјално се изгласа измената на Кривичниот законик којшто беше поднесен од 9 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои што сум и јас. Оваа измена доаѓа по онаа иницијатива и она укажување на Уставниот суд, којшто ни кажа дека ако не направиме до крајот на годината измени во Кривичниот законик, ќе оставиме да имаме правна празнина. Оттаму доаѓа и таа иницијатива да поднесеме предлог измена на Кривичен законик и секако од оној упад којшто беше направен од претходната влада во 2023 година, каде што освен што се намалија казните по членот 353, односно злоупотреба на службена положба и овластување се бришеа и оние кривични дела односно инкриминацијата на одредени кривични дела, се со цел да се амнестираат и ослободат оние кои што би се гонеле по овој член. Оттаму доаѓа овој предлог измена на Кривичниот законик, се со цел да се ублажат состојбите коишто беа настанати од претходната влада“, рече Бојковска.

Бојковска истакна дека се подготвува нов Кривичен законик и постои работна група во Министерството за правда која веќе работи на него, а како што вели, истиот треба да биде донесен до јуни, бидејќи веќе постои нацрт верзија за истиот. ,,Се спрема нов Кривичен законик на којшто работи одредена работна група во Министерството за правда, којшто треба да добие позитивно мислење од Венецијанската комисија, и секако ќе се најде пред нас пратениците“, кажа Бојковска.

Таа додаде: ,,Очекувам овој нов Кривичен законик да биде донесен најдоцна до јуни месец оваа година, но очекуваме да биде тоа и порано, бидејќи знаеме дека веќе има некоја нацрт верзија од истиот. По финализирање на истиот закон, ценам дека Македонија треба да добие пред се еден квалитетен кривичен законик бидејќи најсложениот и најсензитивниот закон за сите граѓани во оваа држава е Кривичниот законик и треба да бидеме особено внимателни“.

Таа истакна дека ја поддржува измената на Кривичниот законик со оглед на тоа што и самата е подносител, и нагласи дека новиот Кривичен законик ќе биде ставен на ЕНЕР, а ги повика и пратениците да дебатираат за поквалитетно законско решение. ,,Спречуваме навистина нешто кое што беше нотирано во 3 извештаи на Европската комисија, во извештаи во Стејт департменот на САД којшто укажуваше дека Македонија се соочува со сериозно уназадување на борбата на корупцијата и со гонењето на високиот криминал, токму поради овие измени. Ќе биде нов Кривичен законик, којшто ќе биде ставен на ЕНЕР, за којшто ќе можеме и ние пратениците да дебатираме за поквалитетно законско решение. Јас ги повикувам сите колеги мои пратеници, да учествуваат во таа јавна расправа, за да понудиме едно поквалитетно законско решение“, заклучи Бојковска.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top