Македонија

Боки 13 осуден на 5 години затвор за „Меѓународен сојуз“

Пресуда по втор пат

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Боки 13, кој сега е актуелен со свој поткаст, не дојде да ја слушне пресудата.

За делото измама е осуден на три години затвор, за перење пари е осуден исто на три години, односно единечната казна е пет години затвор.

Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан се осудени на условни казни, сите обвинети за помагање при перење пари.

Според обвинението, со наводен проект за изградба на старски домови, Јовановски измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината „Меѓународен сојуз“ и купувал лични предмети.

Ова е втора пресуда за предметот кој почна во 2020 година. Јовановски првично беше осуден на девет години затвор, но Апелација го врати предметот на повторно судење. Јовановски беше во затвор за случајот Рекет, осуден на 9 години затвор. Но не ја одлежа цела казна бидејќи Апелација му ја намали казната на пет години поради лошата здравствена состојба.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top