Македонија

Борко Ристовски: Македонските спортисти можат да се натпреваруваат со најдобрите

Ристовски: Ова е успех за цела Македонија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска организираше прием за македонската тенисерка Лина Ѓорческа, по нејзиниот историски успех на Вимблдон.

Ристовски истакна дека Ѓорческа испишала нова страница во македонскиот спорт, станувајќи првата македонска тенисерка која се пласирала во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир во светот.

„Ова не е само личен успех на Лина, туку успех и гордост за цела Македонија. Со својата упорност, дисциплина и пожртвуваност таа покажа дека македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот“, порача министерот.

Тој додаде дека Министерството за спорт ќе продолжи да ја обезбедува потребната поддршка за спортистите кои со своите резултати ја претставуваат државата на меѓународната сцена. Посебен акцент, според Ристовски, ќе се стави на развојот на индивидуалните спортови и на создавање подобри услови за младите спортски таленти.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top