Македонија

Божиновска: ЕУ е стратегиски партнер на Македонија во процесот на енергетската трансформација

ЕУ останува клучен сојузник на Македонија во остварувањето на зелената енергетска транзиција и исполнувањето на климатските цели.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Михаилис Рокас.

Разговорот беше посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт на ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратегиски документи. Министерството информираше за реализираните и планираните активности во рамки на Реформската агенда, чие спроведување ќе продолжи со засилено темпо.

Посебно внимание беше посветено на поддршката што ја добива Македонија од Европската Унија преку ИПА 3 – програмската рамка. Финансиската и техничка помош од 5,2 милиони евра ќе биде насочена кон јакнење на институционалните и оперативните капацитети за водење ефективна енергетска политика и справување со климатските промени, како и кон подготовка на подзаконски акти, соработка со општините и анализа за спроведување на зелената транзиција.

„Европската Унија е стратегиски партнер на нашата земја во процесот на енергетската трансформација. Поддршката што ја добиваме преку ИПА – инструментите е од суштинско значење за да изградиме поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните.“ – истакна министерката Божиновска.

Средбата потврди дека ЕУ останува клучен сојузник на Македонија во реализацијата на зелената енергетска транзиција и исполнувањето на климатските цели.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top