Македонија

Божиновска: Македонија ја црта новата енергетска мапа на Балканот – Државата здобива и енергетска независност

„Македонија влегува во клучна фаза на преобразбата на својот енергетски систем: вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената мрежа и станува стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција. Со новите интерконектори, стратегиските трансформаторски станици и инвестициите во паметна енергетска инфраструктура, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор.“ […]

„Македонија влегува во клучна фаза на преобразбата на својот енергетски систем: вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената мрежа и станува стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција. Со новите интерконектори, стратегиските трансформаторски станици и инвестициите во паметна енергетска инфраструктура, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор.“ – соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија (МЕРМС).

Следните денови официјално започнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција – капитален проект, кој донесува двојна корист: сигурност во снабдувањето и можност за транзит кон трети земји. Интерконекторот е долг 68 километри и ќе пренесува природен гас и водород. Притоа е остварена заштеда од 12 милиони евра. Интерконекторот ќе биде изграден од македонска компанија, што ќе претставува директна корист за домашната економија.

Македонија и Србија направија значаен исчекор кон ново енергетско поврзување: минатата недела се потпиша Меморандум за соработка меѓу НОМАГАС и Србијагас за изградба на интерконектор меѓу Клечовце и Врање со вкупна должина од 70 километри. Од нив 23 километри ќе бидат на македонска територија. Во рамки на проектот ќе се изградат и мерни станици од двете страни на границата. Студиите за изводливост и за влијание врз животната средина се веќе во тек, со поддршка од Инвестициската рамка за Западниот Балкан (WBIF).

Преку овие две стратегиски поврзувања Македонија се позиционира како нова транзитна точка за природен гас на релација Југ – Север, односно од ТАП – гасоводот и терминалот за течен гас во Александруполис кон Србија и Средна Европа, со капацитет до 3 милијарди нормални метри кубни годишно. Ова е директна поддршка на енергетската диверзификација на целиот регион, со зголемена употреба на гас од различни извори.

Изградбата на 400/110 – киловолтна врска Охрид – Елбасан ќе го заокружи електроенергетското поврзување на Македонија со сите соседни држави. Тоа е стратегиски проект за целиот регион. Само за една година од нето-увозник Македонија ќе стане нето-извозник на електрична енергија. Се гради независен и современ систем, кој не зависи од една рута, еден снабдувач, или еден енергетски извор.

„Ова е новата сила на македонската енергетика. Со регионалните интерконектори Македонија веќе не е само краен потрошувач – станува активен учесник во преносот и стабилноста на енергетиката во Југоисточна Европа. Ова е патот кон сигурна енергија, економска отпорност и стратегиска позиција на енергетската карта на Балканот. Македонија ја црта новата енергетска мапа на Балканот.“  – вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија Сања Божиновска.

Планови за когенеративни енергетски капацитети – ефикасност, локално производство и нова енергија за градовите

Енергетската транзиција е насочена и кон изградбата на нови когенеративни централи – капацитети, кои истовремено произведуваат електрична и топлинска енергија, со висока ефикасност и значително пониска емисија на штетни гасови. Министерството за енергетика веќе работи на планови за развој на вакви постројки во неколку урбани центри, заради ел обезбедување локално и сигурно снабдување, особено во системите за централно греење. Когенеративните постројки се планираат како современи, еколошки објекти, кои што ќе ги заменат старите и неефикасни капацитети. Тие ќе ја зголемат стабилноста на националниот систем. Овие централи се предвидени да работат со приспособливо гориво – со можност за премин кон биогорива, или водород во следната фаза од транзицијата.

„Преку овие инвестиции, Македонија ќе добие поконкурентен модел на производство, ќе ги намали загубите во системот и ќе овозможи подобар квалитет на живот за граѓаните, особено во градските средини со голема потрошувачка на енергија. Тоа е уште еден чекор кон современ, одржлив и децентрализиран енергетски систем.“ –  се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

To top