Македонија

Бриселскиот „Манекен пис“ во македонска народна носија по повод 8 септември

По повод Денот на независноста – 8 септември денеска познатата статуа „Манекен пис“ во центарот на Брисел беше облечена во традиционална македонска народна носија

По повод Денот на независноста – 8 септември денеска познатата статуа „Манекен пис“ во центарот на Брисел беше облечена во традиционална македонска народна носија.

Церемонијата започна во Градското собрание на Брисел, каде обраќање имаа шефот на македонската Постојана мисија при ЕУ, амбасадорот Зулфи Исмаили, како и претставник на бриселските локални власти.

Во рамки на настанот беше одржана презентација на носијата, по што следуваше и нејзино официјално предавање од амбасадорот Исмаили на градоначалникот на Брисел, Филип Клосе.

По ова следеше процесија на пренесување на носијата од зградата на Градското собрани, што се наоѓа на плоштадот Гран плаз, до фонтаната статуата „Манекен пис“, каде статуата беше облечена во македонската носија.

Во Брисел постои традиција за облекување на „Манекенот пис“ разни облеки по повод домашни или странски празници или настани, но ова е првпат статуата да биде во македонска носија.

Иако, симболичен, овој чин воедно е можност за претставување на пред македонското културно наследство пред Европа.

Статуата, висока 55 сантиметри, е изградена во честа на момче, кое според легендата, го спасило Брисел од пожар, гаснејќи го запалениот фитиљ на експлозивот уринирајќи врз него. Токму затоа бронзената статуа на момче со непоколеблив став е одраз на слободарски, независен и бунтовен карактер.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top