Македонија

Бучковски бара „голема коалиција“ за решавање на проблемот со Бугарија

Резолуцијата на СДСМ е чекор за надминување на самоблокадата во процесот за членство во ЕУ, вели експремиерот и „специјален пратеник“ на бившата влада за односите со Бугарија

Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски смета дека влезот на Македонија во Европската Унија, треба да го врати на маса и предлогот кој егзистираше последните неколку години за голема коалиција која би имала единствено задача да го заврши успешно овој процес на преговори со Европската Унија и Македонија да стане членка на унијата.

Да потсетиме, во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментираше дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Македонија е договорот од 2017 година.

…изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификувана од парламентите на двете земји.

„За поздравување е овој чекор што го прави сега опозицијата. За мене, намерата на Венко Филипче е понуда за излезно решение и на ВМРО ДПМНЕ да се соочи со реалноста. Јас се плашам дека Република Северна Македонија, за жал, од лидер во регионот со која се гордееше меѓународната седница во 2005, кога ги собиравме сите пофалби и ние бевме реално лидер во целиот овој регион, да се доведеме во позиција да бидеме на дното без никакви шанси во евроинтегративниот процес“, вели Бучковск во интервју за Рацин

Тој ја смета резолуцијата за храбар чекор и верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде сериозен придонес во обликувањето на таа резолуција и покрај првичните изјави на премиерот Мицкоски.

Целото интервју со Владо Бучковски ќе биде објавено утре.

Најнови вести од: Македонија

Министерството за образование со став за недостигот на учебници за малобројните етнички заедници

Наставници и автори што пишуваат учебници на некој од овие јазици завчера на средба во Министерството за односи меѓу заедниците се пожалија дека со измените на Законот за учебниците минатата година конкурсите за учебници, наместо МОН, ги објавуваат издавачките куќи и оти тие поради економска неисплатливост, одбиваат да ги печатат поради малиот тираж, со оглед на тоа што настава на секој од петте јазици следат по стотина ученици.

Законот за високо образование отворен за аргументирани забелешки, но не и за дискусии под академско ниво

Годинава во образованието се вложени околу 114 милиони евра, а во науката 12,5 милиони евра. Дека предложениот закон е прогресивен и има за цел значително унапредување на квалитетот на високото образование во државата, смета и академската фела. Според дел од професорите, со овој закон ќе се доближиме до другите развиени земји. Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, по што ќе се разгледаат забелешките, за кои работната група смета дека се прифатливи, а потоа оди во владина процедура.

(Фото): Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските на регионалниот развој и ЕУ политиките, рече Перински

Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

(Видео): Пак ќе треба да се извинуваат, премиерот лут на СДСМ оти го мешале неговото семејство

Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување, рече Мицкоски во однос на патувањето со владиниот авион во Сплип.

ДВ: Владиниот авион во расчекор со технологијата – заложби за купување нов авион доаѓале и од кадри на СДСМ пред седум години!

Додека СДСМ ја обвинува власта за „ пуста желба за поголем и нов авион за луксузирање“, медиумските архиви сведочат дека заложби за купување нов владин авион доаѓале и од кадри на СДСМ пред седум години, во периодот кога оваа партија ја предводеше Владата. Во заложбата „за“ нов авион биле приложени сериозни аргументи, во кои доминираат предупредувања за технолошката застареност на владиниот „лирџет 60“. Како еден од клучните проблеми и тогаш се сметал недостигот на резервни делови за авионот и постојаните поправки со репарирани делови. Ова го објави Македонската редакција на Дојче Веле.

Дваесетгодишник од тетовска Мала Речица под истрага за тероризам – се подготвувал да нападне со огнено оружје како во 2012 во САД, кога биле убиени 26 лица!

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам. Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Адам Ланца, 20 годишно момче, во училиште во САД со автоматска пушка убило 26 лица од кои 20 деца.

Најнови вести

To top