Македонија

Бугарија во следните седмици ќе ѝ помогне на Македонија да почне преговори со ЕУ, најави претседателката на Народното собрание!

Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Наталија Киселова, најави помош од нејзината земја „во следните седмици“ за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. „Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија во која било форма, освен да се придржува кон Договорот за пријателство и добрососедство од 2018 година и да […]

Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Наталија Киселова, најави помош од нејзината земја „во следните седмици“ за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија.

„Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија во која било форма, освен да се придржува кон Договорот за пријателство и добрососедство од 2018 година и да се придржува кон Европскиот консензус од 2022 година, имено – оние обврски што Република Северна Македонија ги прифати, бидејќи тие не се исполнети. Тие бараат аргументи со кои нема да ги исполнат со одложување на нивната покана. Бугарија подава рака и јас мислам дека во следните седмици ќе бидеме сведоци на тоа како ние ќе се погрижиме да ѝ помогнеме на Република Северна Македонија да ги започне преговорите, бидејќи тоа е важно – Западен Балкан да биде дел од Европската унија“, изјави Киселова пред новинарите на почетокот на жетвата во селото Манастириште.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top