Македонија

Бугарите се разочараа од бугарите во Македонија, едно ветувале во Софија друго правеле во Скопје (ВИДЕО)

Нема веќе Бугари за пари

Претседателот на антимакедонската бугарска Фондација Македонија, Виктор Стојанов, се разочара од бугарите во земјава.

Според Стојанов тие играче двојна игра во зависност од тоа каде се наоѓаат.

Стојанов кој има забрана за влез во земјава утрово испрати остри пораки до Бугарите од Македонија, изразувајќи разочараност од нивното однесување.

Тој порача дека, според него, дел од нив едно ветуваат во Софија, а сосема поинаку се однесуваат кога се во Македонија.

,,До Бугарите во Македонија: ако сакате финансиска поддршка од Република Бугарија, ќе бидете истакнати Бугари во Македонија, не само во Софија! А ако не сакате да бидете истакнати Бугари во Македонија и „да немате проблеми“, бидете Бугари дома – како десетици илјади други Бугари во Република Македонија, но не барајте финансиска поддршка од Бугарија. Пред 1 недела, Албанци со албански знамиња протестираа во Скопје. Вчера, Срби со српски знамиња во Куманово. Некој би прашал: каде се Бугарите во Македонија? Каде се македонските Бугари??”, пишува разочараниот бугарин.

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

To top