Македонија

Бугарска ексминистерка обвинета за предавство оти гласала како и Македонците во ПССЕ против Бугарија

Само Јорданова од ПП-ДБ и тројцата македонски претставници не го поддржаа укинувањето на мониторингот за Софија

Надежда Јорданова од коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија ја ставија на столбот на срамот во Бугарија поради гласањето заедно со македонските претставници против укинувањето на мониторингот од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Јорданова, всушност, гласаше воздржано за резолуцијата за укинување на мониторингот од последните 26 години, но тоа се брои како против, како што се изјаснија тројцата претставници од Македонија во ПССЕ.

„Нема како да ѝ се заблагодарам на Надежда Јорданова, поранешната министерка за правда, која не гласаше ‘за’ оваа резолуција. Таа и неколку колеги од Северна Македонија се единствените кои не ја поддржаа. Сите други едногласно нè поддржаа, наведувајќи го на прво место напредокот во заштитата на човековите права и почитувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права“, изјави министерот за правда Георги Георгиев.

Делјан Пеевски, лидер на ДПС-Нов почеток, пак, буквално ѝ се нафрли на Јорданова.

„Каде се денес ПП-ДБ, партијата на пудлиците, за да објаснат зошто личната секретарка на Христо Иванов гласаше со Северна Македонија против Бугарија?! Национално предавство од овие луѓе – тие се предавници“, вресна Пеевски.

Укинувањето на мониторингот на ПССЕ за Бугарија помина синоќа со 100 гласа „за“, 3 „против“ и 1 „воздржан“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top