Македонија

Бугарска евродепутатка лажеше дека македонскиот е бугарски јазик и го докажа спротивното (ВИДЕО)

Евродепутатката се изрезили додека се обидуваше да ги навреди Македонците

Рада Лајкова е бугарска европратеничка од проруската партија Revival („Възраждане“).

Во Европскиот парламент таа е член на политичката група Europe of Sovereign Nations Group (ESN – Европа на суверени нации).

Лајкова како дел од проруската партијата „Възраждане“ се смета за национал-конзервативна и евроскептична, а групата ESN е една од најдесните групи во Европскиот парламент.

Покрај бугарските националистички тези за македонскиот јазик како бугарски дијалект и Македонците како Бугари таа од говорницата на Европарламентот упати повеќе други навреди кон Македонија.

Во говор пред европскиот парламент Лајкова бугарска евродепутатка лажеше дека македонскиот е бугарски јазик но го докажа спротивното.

Таа се обиде да зборува на наводен бугарски јазик кој наводно се зборува во Македонија но наместо Македонски таа зборува на чудна јазична конструкција која повеќе личи на српско-бугарски од Македонски.

Освен ако лајкова не сакаше да каже дека бугарскиот јазик е српски таа се изрезили и не ја постигна целта.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top