„Секоја промена на европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Македонија во Европската Унија.“
Ова го изјави бугарскиот европратеник Илија Лазаров од Европската народна партија, коментирајќи ги она што тој го нарекува напори за ревидирање на европските услови за официјално Скопје.
Според него, известувачот во Европскиот парламент, Томас Вајц, дејствува во близок контакт со владата на Република Македонија.
Вајц работи под диктат на Мицкоски и на Муцунски, обвини бугарски европратеник
Тој потсети дека минатата година бугарските европратеници успеале да ги блокираат предлозите поврзани со македонскиот идентитет и јазик.
„Сите 17 бугарски европратеници работеа едногласно во тоа време, потпишаа и испратија две писма до Роберта Мецола, до сите колеги по целиот синџир. Бугарскиот став беше прифатен и разбран, амандманите не поминаа“, рече бугарскиот европратеник.
Според Лазаров, сега се прави обид за отстранување на вториот протокол, кој е дел од таканаречениот „француски предлог“.