Македонија

Бугарско државјанство лани добиле 1.975 македонски граѓани

Македонија веднаш зад Украина и Турција по бројот на државјани што станале и бугарски минатата година

Минатата година бугарско државјанство добиле 1.975 граѓани на Република Македонија, со што таа е веднаш зад Украина и Турција, покажува годишниот отчет на Комисијата за бугарско државјанство при претседателот на Република Бугарија.

Во споредба со претходната 2024 година, кога 1.698 македонски државјани станале и бугарски, бројот е зголемен за 277, но е помал од над 2.400 лица во 2023 година.

Од 1 јануари до 31 декември 2025 година бугарските власти издале вкупно 15.796 државјанства.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството реагира на барањето на родителите – промената на обвинител не го забавува судењето

Јавното обвинителство реагираше остро на барањето на родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ да се врати обвинителката Ивана Алексова Трајчева на предметот против обвинетите полицајци.

To top