Македонија

Опаѓа бројот на македонски граѓани што добиваат бугарско државјанство

Лани пасош на Бугарија добиле околу 1.700 Македонци, кои паднале на четвртото место во последните две-три години

Во последните две-три години опаднал бројот на граѓани на Македонија што стекнале државјанство на Бугарија, заостанувајќи зад тие на Украина, Турција и Молдавија, покажува отчетот на Комисијата при потпретседателката Илијана Јотова.

Бројот на Македонци што добиле бугарски пасош минатата година не е прецизиран, освен дека станува збор за околу 1.700 лица, со што од врвот на странски граѓани што станале државјани на источниот македонски сосед паднале на четвртото место.

Во 2024 година лидери во тој поглед се Украинците со 2.436 добиени државјанства на Бугарија, пред Турците со 2.163 и Молдавците со 1.887.

Веднаш зад Македонците се државјаните на Албанија со 1.328, потоа на Србија, на Русија, на Израел, на Сирија итн., а најдалечната држава е Аргентина со 108.

Во првата половина од годинава нови Бугари станале 6.581 странци, а од 2019 година до 30 јуни 2025 бројот достигнал 87.305.

Поради зголемениот интерес, кон крајот на јуни Владата во Софија десеткратно ја зголеми таксата за добивање или за обнова на бугарското државјанство – од 30 на 300 лева (над 150 евра).

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top