Македонија

Царинска управа: Раст од 5,2% и 105 милиони евра повеќе во буџетот

Царинската управа на Република Македонија во 2025 година оствари наплата на приходи во висина од 131,6 милијарди денари, односно 2,14 милијарди евра.

Царинската управа на Република Македонија во 2025 година оствари наплата на приходи во висина од 131,6 милијарди денари, односно 2,14 милијарди евра. Ова претставува раст од 5,2 отсто во споредба со 2024 година, или 105,1 милион евра повеќе средства слеани во државниот буџет.

Раст е забележан по сите основи: приходите од царина бележат зголемување од 15,5 отсто, од данок на моторни возила 12,5 отсто, од акциза 5,9 отсто и од ДДВ при увоз 3,2 отсто.

– На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален раст од 10,6 проценти е забележан во декември, а притоа е реализирана наплата на приходи од 190,2 милиони евра. Кумулативно за цела 2025 година наплативме приходи од 2,14 милијарди евра или 105,1 милиони евра повеќе од лани – изјави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Според него, овие податоци јасно укажуваат на зголемена ефикасност во работата на институцијата.

– Ова значи повеќе средства за капитални инвестиции кои ќе генерираат одржлив економски раст – повеќе средства за здравство, за образование, за нови градинки и училишта, за инвестиции во патна и железничка инфраструктура – нагласи Николовски.

Овие резултати доаѓаат во контекст на континуирани напори за подобрување на контролите и борба против нелојалната конкуренција, што придонесе за поголема финансиска дисциплина во увозот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top