Македонија

Чаир со свој „ Мастер План“

Тим од турски експерти, на чело со Бајрам Вардар, е ангажиран за изработка на развојниот Мастер План за општина Чаир, предложен од кандидатот за градоначалник Изет Меџити.

Тим од турски експерти, на чело со Бајрам Вардар, е ангажиран за изработка на развојниот Мастер План за општина Чаир, предложен од кандидатот за градоначалник Изет Меџити. Со нивното долгогодишно искуство во урбанистичко планирање, архитектура и просторно управување, се очекува овој тим да создаде современа и одржлива визија за иднината на општината.

Во групата експерти се вклучени:

  • Надир Доган, урбанист со диплома од Универзитетот „Гази“ и основач на компанијата ND İMAR A.Ş.. Тој е специјализиран за изработка на просторни планови за големи градови како Истанбул, Бурса, Кожаели и Трабзон, како и за проекти за урбана трансформација.

  • Д-р Мустафа Тутар, архитект со диплома од Техничкиот универзитет во Истанбул, магистерска титула од Универзитетот Мисури во САД и докторат во областа на урбанизмот. Како универзитетски професор и основач на Saydam Tasarım, тој има реализирано преку 800 меѓународни проекти во архитектонски дизајн и визуализација.

Заедно со локални урбанисти и архитекти, тимот ќе работи на Мастер План кој ќе ја трансформира Чаир во пример за одржлив урбан развој во рамките на Скопје. Планот ќе се фокусира на интеграција на современи урбанистички решенија, со акцент на функционалност, одржливост и подобрување на квалитетот на животот на жителите.Овој проект има за цел да ја позиционира Чаир како лидер во одржливиот развој, комбинирајќи меѓународни стандарди со локалните потреби и специфики на општината.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top