Македонија

Чавков: Судењето за „27 април“ не може да се одвои од променатa на уставното име на Република Македонија!

Судењето за „27 април“ не може да се одвои од тогашните политички процеси во државата, особено процесот за промена на уставното име на Република Македонија. Паралелно со судењето: се одвиваше референдумот, почна процесот на уставни измени, а во текот на самата доказна постапка беше донесен и Законот за амнестијата. Од вкупно 33 обвинети, по амнестијата, останавме 16 лица, а се создаде впечаток дека амнестијата имаше и силна политичка функција во обезбедувањето на потребното двотретинско мнозинство за уставните измени за менувањето на името – рече во интервју за МИА, Митко Чавков, по излегувањето од затворот во Штип

Aко навистина сакаме објективна слика за „27 април“, мора да се провери целината: што се случувало пред настанот, што се случувало за време на настанот, што се случувало потоа и како тие процеси биле поврзани со тогашните политички цели, пред сè, промената на уставното име на Република Македонија – изјави Митко Чавков, кој е поранешен директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни работи, инаку осуден за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.


Тој нагласува, како што вели, дека зад завесите останаа многу прашања. „А тие прашања не се важни само за минатото, туку и за иднината на Македонија.“ – посочува Чавков.

– Од денешна перспектива, судењето за „27 април“ не можам да го гледам изолирано од политичките процеси што се одвиваа во државата по 2017 година. Станува збор за исклучително сложен, повеќеслоен и историски процес, кој имаше далекосежни политички и правни последици за Република Македонија, укажува Митко Чавков во ова интервју.



Најнови вести од: Македонија

Мицкоски-Гутереш: Oдлична соработка меѓу ОН и Македонија

Како што соопшти канцеларијата на гн-секот на ОН, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.

Влегуваме во нова ера на „посебно партнерство“ со Македонија – Алсубуси во интервју за Радио Лидер

Емиратите се сериозно заинтересирани за инвестиции во земјава – во фокусот се инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот, а Сеопфатниот договор за економско партнерство треба да отвори нови можности за трговија и капитал

To top