Македонија

„Cloudflare“ се врати во нормална

Голем прекин во работењето на интернет-инфраструктурниот гигант „Cloudflare“ предизвика блокада на пристапот до голем број популарни веб-страници низ светот, меѓу кои и платформата „Чет ГПТ“ (ChatGPT) и социјалната мрежа Икс (порано Твитер).

Голем прекин во работењето на интернет-инфраструктурниот гигант „Cloudflare“ предизвика блокада на пристапот до голем број популарни веб-страници низ светот, меѓу кои и платформата „Чет ГПТ“ (ChatGPT) и социјалната мрежа Икс (порано Твитер). Проблемот започнал околу 13 часот по источно американско време, а веќе по 15 минути компанијата објавила дека е свесна за дефектот.

Од „Cloudflare“ соопштија дека станува збор за внатрешна техничка грешка – латентен баг во системот за заштита од ботови, кој се активирал по рутинска промена на конфигурацијата. Ова предизвикало масовно нарушување на мрежата и на другите услуги. Компанијата нагласи дека не станувало збор за кибер-напад.

Дејн Кнехт, главен директор за технологија на „Cloudflare“, на Икс упати извинување за непријатностите што им го предизвикале на корисниците и посочи дека се работи на тоа во иднина да нема ваков прекин.

Инаку, проблемот зафати и повеќе македонски веб-страници, вклучувајќи медиуми, агретори на вести и институции.

„Cloudflare“ го користат стотици илјади корисници низ целиот свет, кој дејствува како тампон меѓу нивните веб-страници и крајните корисници, работејќи на заштита на нивните страници од напади што би можеле да го преоптоварат со сообраќај.

„Cloudflare“ обезбедува основни интернет-услуги, вклучувајќи заштита од кибернапади и алатки за одржување на стабилноста на веб-страниците при големо оптоварување.Нивните услуги, кои обично, се невидливи за крајните корисници, ги користат огромен број компании во светот, а дефектот во нивниот систем има далекусежни последици.Ова доведе до паѓање на широк спектар на навидум неповрзани веб-страници, слично на она што се случи минатиот месец со техничките проблеми во „Амазон веб сервисис“ (Amazon Web Services).

Најнови вести од: Македонија

Брисел и Кос упорно бараат идентитетско „масакрирање“ на Уставот и бугаризирање на Македонија и Македонците во име на „темелните европски вредности“! (2)

ЕУ наведува во својата „Бриселска декларација“ од вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“. Меѓутоа, од друга страна ЕУ не само што „замижува“ кон агресивниот бугарски ревизионизам на македонската автентична историја, туку и сесрдно го поддржува. Тешко европско противречие на ЕУ сама на себе: со празни зборови вели дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“, а од друга страна бара Македонија и нејзината влада да се согласат со злогласниот „Француски предлог“ и великобугарските врховистички ултиматуми на официјална Софија Македонците „да прифатат и да признаат дека бугарски корени имаат и тие како народ и нивната историја и нивниот јазик“! За Румен Радев, Илијана Јотова и другите од бугарската политичка елита ова е „европска вредност“, која Македонија и Македонците мора беспоговорно да ја прифатат. Македонците ќе ја прифатат на „Свети Никогаш! Но кога, пак, бугарските политичари ќе прифатат и ќе признаат дека  Бугарите дека се словенизиран и македонизиран народ, денес секако со свој различен бугарски идентитет, кој во минатите векови го презел македонскиот јазик и денес го говори него?! А што е апсолутна вистина, со аргументи потврдена од врвни европски и светски експерти! 

To top