Македонија

ЦУК: Денеска без активни пожари

Од вкупно 13 регистрирани пожари, изгаснати биле 12 се изгаснати, а еден е ставен по контрола.

Центарот за управување со кризи утрово соопшти дека нема активни пожари на територијата на Македонија.

Од вкупно 13 регистрирани пожари, изгаснати биле 12 се изгаснати, а еден е ставен по контрола.

Станува збор за пожарот на планината Готен од беровска страна, каде што гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација.

За гаснење на овој пожар на терен интервенираа специјалните возила на ДЗС, хеликоптерот на Чешка, беровските пожарникари, пожарникарите што ги испрати Словенија и доброволци на „Национални шуми“.

Изгаснати се пожарите на териториите на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино и четири во Прилепскиот Регион.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top