Македонија

Д-р Чибишев: Ако беше водата во Скопје загадена со ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти!

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.

Чибишев дека ако во скопската вода имало ешерихија коли, за ден-два би имале над 50.000 пациенти.

– Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите и во сите случаи не предизвикува симптоми и болест доволно е само 10 % од жителите на Скопје да развијат слика на воспаление на цревата тоа ќе значи дека за ден-два ќе има над 50 000 пациенти, посочува Чибишев.

Докторот нагласува дека тоа ќе значи голем проблем за државата и можен колапс на здравствениот систем.

– МВР е на потег, итно да се откријат нарачателите, креаторите и промоторите на оваа гнасна лага која внесе надоверба и страв кај граѓаните на Скопје. Без милост, без селективност. Господ напомош! – пишува во објавата на Чибишев.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top