Македонија

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Луѓето кои го познавале легендарниот македонски пејач и композитор Јонче Хростовски тврдат дсека тој некаде горе на небото во свој стил го слекол палтото откако видел како светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас ја изведе легендарната македонска патриотска песна „Едно име имаме“ за време на својот спектакуларен концерт во Скопје.

Настанот се одржа на на Плоштадот „Македонија“, како дел од централната прослава по повод 35 години од независноста на Македонија.

Карерас не ја испеа легендарната песна сам туку имаше заедничка изведба со македонскиот „дрим-тим“ музички ѕвезди, познат како „Macedonian All Stars“, придружувани од Македонската филхармонија.

На сцената заедно со шпанскиот тенор се појавија и Калиопи, Каролина Гочева, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Влатко Стефановски, како и Ана и Игор Дурловски.

Јонче Христовски е автор на повеќе македонски легендарни песни меѓу кои и Ако умрам и загинам, Македонско девојче и други.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top