Македонија

Даути: Ужасно е беснеењето на ДУИ, за да се врати на власт, но есенва ќе заврши нивната долга ера на злоупотреби и малтретирање на Албанците!

Заменик-директорот на Царината на Република Македонија Мустафа Даути се мајтапи со ДУИ, нарекувајќи ја „партија со соларен панел“, на која и „снемало сончева енергија“ веднаш штом ја изгуби власта!

Заменик-директорот на Царината на Македонија Мустафа Даути преку својот личен фејсбук-профил изрази мислење поврзано со актуелната политичка ситуација. Според Даути, жедта на ДУИ да се врати на власт е ужасна. Тој иронично ја нарекува ДУИ „партија со соларен панел, на која ѝ снемало сончеви зраци“, алудирајќи на власта. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Фол“,

Нтаму порталот истакнува: „ДУИ стана политички феномен што може да се разбере само преку едноставна метафора на „партија со соларен панел“. Повеќе од две децении на власт ДУИ функционираше како соларен панел што собираше енергија, не од самата себеси, или од својата база, или членството, туку од власта. Додека имаше сончева светлина, оваа партија сјаеше, се полнеше со енергија однадвор и изгледаше како да е нескршлива. Но, веднаш штом ја изгуби власта, кога ѝ прекина изворот на енергија, ДУИ остана без батерии, без функција, без сопствена енергија. Ова е разликата меѓу партиите, што живеат од идеи и партиите, што преживуваат од привилегии.“ – напиша на општествената мрежа Мустафа Даути.

Тој додаде дека ДУИ за прв пат влегува во трката без да биде на власт, па затоа го гледа ова како предност во однос на Вреди. Но според Даути, оваа есен ќе биде времето кога ќе заврши ерата на ДУИ.

„За прв пат во својата историја ДУИ влегува на избори, а да не е на власт. Ова не е само изборен предизвик за неа, туку политичка казна. За жалење e што се упропастија и што западнаа во тешка ситуација, па се однесуваат како бесни, за да се вратат на власт. Значи, не им беа доволни 22 години лошо владеење, па бараат уште повеќе, за да го уништат целосно недолжниот албански народ. На есен нема сонце. На есен има дожд. За ДУИ овој дожд нема да биде освежување, туку ќе биде пороен дожд, што ќе го означи крајот на долгата ера на злоупотреби и малтретирање на Албанците!“ – заклучи заменик-директорот на Царината Мустафа Даути. 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top