Македонија

Дејвид Гета и 120 македонски музичари ќе настапат на Денот на независноста

Фокусот на прославата не е ставен исклучиво на диџејот, туку манифестацијата ќе има силен домашен и децентрализиран карактер низ 11 градови во државата

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ откри дека Владата подготвува масовна и досега невидена централна прослава за Денот на независноста – 8-ми Септември

Тој посочи дека покрај светската диџеј ѕвезда Дејвид Гета (David Guetta), на сцените ширум државата ќе продефилираат преку 120 домашни изведувачи.

На прашањето кој ќе го плати Дејвид Гета и колку ќе чини неговиот ангажман, директорот на СОЗР уверува дека државата нема да скрие ниту еден денар од граѓаните.

„Сè ќе биде целосно транспарентно и Владата официјално ќе ги објави сите податоци. Околу делот на финансиите и постапките, верувајте, јавноста ќе биде детално запознаена. Она што можам да го откријам е дека веќе за утрешниот ден е закажана прес-конференција каде ќе се објави вториот дел од планот – односно што и како точно ќе се случува за 8 септември“, истакна Томовски.

Меѓу другото, тој потенцираше дека фокусот на прославата не е ставен исклучиво на диџејот, туку дека манифестацијата ќе има силен домашен и децентрализиран карактер низ 11 градови во државата.

Најнови вести од: Македонија

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент во споредба со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Четири ленти, велосипедски патеки и ново осветлување со реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Чаир

Следната недела ќе започне реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Општина Чаир, еден од клучните инфраструктурни проекти во општината, соопшти денеска Општина Чаир

To top