Македонија

Денес во 12 часот во Европскиот парламент ќе се гласа за двете иницијативи за недоверба на Лаен и ЕК – се проценува дека нема да успеат

Од исходот на денешното гласање во Европскиот парламент ќе зависи дали Урсула фон дер Лаен ќе дојде во работна посета во Република Македонија на 15 октомври во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан.

Членовите на Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур во одвоени гласања ќе се изјаснат по двете инцијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лаен. Гласањето следи откако во понеделникот европратениците одржаа расправа околу иницијативите за недоверба, предложени од десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ) и од групата Левица. Најавено е дека гласањето ќе започне во 12 часот.

Образложувајќи ја иницијативата на својата група, претседателот на Патриоти за Европа Жордан Бардела порача дека гласањето против Европската комисија нема да ја уништи Европа, туку ќе ја спаси. „Тоа е глас против Европа на Макрон, против Европа на Лаен. Пред се, тоа е глас за опстанок на Европа на слободните нации.“ – рече Бардела. Тој оцени дека под водство на Урула фон дер Лаен Европската Унија се движи брзоплето и безглаво, без да знае кај оди, а дополнително Еврокомисијата продолжува со политиката на „смешното проширување на ЕУ“.

Бардела обвини и дека Еврокомисијата со нејзините илјадници нови законски акти ја направила ЕУ „светски шампион во бирократијата“. Сопретседателката на Левица Манон Обри, образложувајќи ја иницијативата на нејзината група, истакна дека Лаен мора да замине од функцијата, затоа што „капитулирала“ пред американскиот претседател Доналд Трамп и ја довела Унијата во вазална позиција, правејќи економски отстапки во корист на САД.

Одговарајќи на наводите изнесени во образложенијата на иницијативите, Урсула фон де Лаен обвини дека противниците на ЕУ се трудат да поттикнат поделби и да ги искористат тие поделби против Унијата. Според неа, рускиот претседател Владимир Путин не ја крие својата радост и поддршка за она, што за него го работат „сите негови послушни пријатели во Европа“.

„Тоа е најстариот трик: предизвикување поделби, ширење дезинформации, правење жртвено јагне. Сето тоа, за да ги сврти Европејците едни против други, со цел да го спуштиме нашиот гард додека се бориме едни против други. Да ја ослабнеме нашата решителност и нашата отпорност. Тоа е стапица, но ние не можеме да упаднеме во неа“ – нагласи Лаен. Таа истакна дека во време на максимална неизвесност и експлозивна нестабилност на ЕУ ѝ е потребно единство, за да ја зајакне својата безбедност, да ја заштити демократијата, да ја поддржи индустријата и да го зацврсти својот општествен модел.

За да бидат прифатени, иницијативите треба да добијат поддршка од најмалку две третини од пратениците, што ќе учествуваат во гласањето. „За“ иницијативата треба да гласаат најмалку 360 европратеници. Ова е второ гласање за недоверба на Еврокомисијата за помалку од три месеци, откако во јули европратениците ја отфрлија сличната иницијатива на романскиот десничарски европратеник Георге Пипереа. „За“ предлогот на Пипереа во јули се изјаснија 175 европратеници, 360 гласаа „против“, а 177 беа „воздржани“. Но проценките се дека ќе биде значително поголем сега бројот на членовите на Европскиот парламент, кои ќе се изјаснат за недоверба на Еврокомисијата. Се проценува дека во идеално сценарио некоја од иницијативите за недоверба би можела да добие поддршка од најмногу 305 пратеници, што сепак не би било доволно за нејзино усвојување.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top