Македонија

Денес во Охрид Националниот совет за УНЕСКО ќе ги одреди мерките, за да не влезе регионот на листата на светско културно наследство во опасност

Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО изготви нацрт-одлука, со која се предлага охридскиот регион да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност. На 10 јули Комитетот во Париз одлучи да го одложи официјализирањето на нацрт-одлуката и да им даде на Македонија и на Албанија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките.

Националниот совет за УНЕСКО на Република Македонија денес, на 21 август 2025 година во Охрид ќе го одржи состанок, на кој ќе се разгледуваат забелешките и препораките на светската организација околу состојбите со охридскиот регион и ќе се одредат активностите, за да не влезе регионот на листата на светско културно наследство во опасност.

„Во Охрид ќе го одржам следниот состанок на Националниот совет  за УНЕСКО, во кој членуваат повеќе од 16-17 институции. Ќе проговориме реално за проблемите и забелешките, односно за препораките од УНЕСКО. Ќе донесеме заклучоци, ќе ја информирам Владата и ќе видиме кои ќе бидат следните чекори. Имаме краток период до февруари наредната година да го поднесеме извештајот за конкретните чекори, што ќе ги преземеме.“ – изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков за ТВ Канал 5.

Овој состанок уследува, откако на почетокот на летово беше објавена информација дека Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО изготвил нацрт-одлука, со која се предлага охридскиот регион да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност. На 10 јули Комитетот во Париз одлучи да го одложи официјализирањето на нацрт-одлуката и да им даде на Македонија и на Албанија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките, забележани во претходните извештаи на Реактивните набљудувачки мисии. Извештајот до УНЕСКО треба да биде доставен до 1 февруари наредната година.

Запрашан дали охридскиот регион ќе биде спасен, за да не се најде на оваа листа, но и на кој начин, Љутков укажа дека станува збор за повеќегодишен проблем, кој како еден од посериозните веќе го имал на маса кога лани беше назначен за министер за култура и туризам. Во врска со мерките, што треба да се преземат, Љутков рече дека ќе треба да се направи координација со надлежните во Албанија. „Веќе покренавме иницијатива од наша страна да направиме координација и со нив. Има волја од нивна страна.“ – додаде Љутков.

Запрашан дали се дејствува да се заштити Охридското езеро од фрлање секаков отпад во него од несовесни граѓани, Љутков рече оти не знае дали тоа влегува во препораките на УНЕСКО. „Има други институции, кои директно се надлежни за конкретниот проблем. На состанокот ќе се осврнеме и на ова.“ – напомна Љутков.

„Фактор“

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top