Македонија

Денес во Скопје започнува дводневна лидерска средба ЕУ-Западен Балкан за евроинтеграцијата и економскиот развој на регионов – Средба Мицкоски-Кос

Денеска во главниот град на Република Mакедонија Скопје ќе започне дводневната лидерска средба ЕУ-Западен Балкан, посветена на Планот за раст. Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји, кои се подготвуваат за членство во ЕУ. На средбата во Скопје ќе биде разгледан нивниот евроинтеграциски напредок и ќе се разговара за следните чекори […]

Денеска во главниот град на Република Mакедонија Скопје ќе започне дводневната лидерска средба ЕУ-Западен Балкан, посветена на Планот за раст. Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји, кои се подготвуваат за членство во ЕУ. На средбата во Скопје ќе биде разгледан нивниот евроинтеграциски напредок и ќе се разговара за следните чекори во неговото спроведување. Денес со почеток во 16 часот ќе се одржи лице-в-лице средба меѓу претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и комесарката за проширување на ЕУ Марта Кос. Потоа ќе уследи средба со проширени делегации, информираат од прес службата на Владата.

Според најавата од Европската комисија, покрај домаќинот – македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Скопје ќе пристигнат и претседателите на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Главниот дел од програмата е закажан за вторник, 1 јули. Првиот панел ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан, со воведни обраќања од премиерот Христијан Мицкоски и комесарката Марта Кос.

Вториот панел во вторник ќе се насочи на конкретни механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст. На оваа дискусија ќе учествуваат министри од регионот, претставници на Европската Унија, регионални организации и меѓународни партнери, со цел да се обезбедат практични решенија за забрзување на реформите. Се очекува дека средбата ќе донесе важни заклучоци и насоки за иднината на евроинтегративниот процес и економскиот развој на земјите од Западниот Балкан. Целта е да се зајакне регионалната соработка и да се забрза пристапувањето кон ЕУ.

Планот за раст на Западниот Балкан, претставен од Европската комисија во октомври 2023 година, има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на земјите да се приближат до ЕУ. Тој предвидува шест милијарди евра за реформи и инвестиции во клучни области како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација. Овие пари, кои ќе бидат исплатени во вид на грантови и поволни заеми, имаат за цел да го зголемат просперитетот и стабилноста на Западниот Балкан.

Најнови вести од: Македонија

Му се распадна партијата а сега бара северномакедонска наместо македонска нација

Пред дваесетина дена Величковски јавно застана во одбрана на екс министерот за надворешни работи Бујар Османи за потпишувањето на протоколите со Бугарија и преговарачката рамка со ЕУ

Арбен Тавари лут зашто Азир Алиу не го почитувал уставното име на државата и албанскиот јазик

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари упати критика кон Министерството за здравство, обвинувајќи го за кршење на Преспанскиот договор и за непочитување на уставните норми, само еден ден по средбата меѓу Таравари и американската конгресменка со грчко потекло, Никол Малиотакис. Повод за реакцијата беше неодамнешното отворање на здравствениот дом во општина Илинден. […]

To top