Македонија

Денеска е Духовденска задушница

Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените. Духовденската Задушница, позната и како летна, се чествува пред празникот Света Тројца, познат и како Духови или Педесетница,  празник кој […]

Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените.

Духовденската Задушница, позната и како летна, се чествува пред празникот Света Тројца, познат и како Духови или Педесетница,  празник кој се слави 50 денови по Велигден и 10 дена по Спасовден.

Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.

На денот на одбележувањето на оваа Задушница, во црквите се служи света литургија и панихида, а се читаат молитви за сите починати. На гробиштата се палат свеќи, а свештениците извршуваат индивидуални панихиди, молејќи го Господа да биде милостив кон покојникот.

Според вообичаениот календар, посетата на гробиштата за време на панихидата се смета за обврска на роднините. Ако тоа не е можно, свеќа може да се запали во црквите.

Духовденските задушници се споменуваат во црковните книги уште од 12 век. Наместо вообичаеното принесување храна, Црквата повикува на молитва и дарување на сиромашните, болните и прогонетите.

На овој празник се верува дека свеќата запалена на задушница, гори до следната. Исто така, постои верување дека ако не се запали свеќа за помен, мртвите ќе бидат во темнина една година.

Вообичаено е на гробиштата да се носат варено жито, вино и свеќи. Изнесувањето различни јадења и пијалоци не се смета за православен обичај. Зрното симболично не потсетува на Христовите зборови дека житото дава плод само кога умира, и тоа не во темнината на земјата, туку во светлината на сонцето.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top