Македонија

Денеска ќе биде доделена наградата „Мајка Тереза“

Наградата се доделува за особено важни достигнувања од интерес за државата

Државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година ќе биде доделена денес во Собранието на Република Македонија.

Наградата се доделува за особено важни достигнувања од интерес за државата во областа на хуманизмот и човековата солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развивање на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различни заедници, култури и религии.

Годинава добитници се Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и доц.д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија.

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза.

Родена е како Гонџа Агнеза, во Скопје, 1910 година, во време кога градот бил под Отоманското царство, во албанско-римокатоличко семејство како трето дете на семејството Бојаџиу, покрај сестрата Ага (1904) и братот Лазар (1907).

Ден по раѓањето, на 27 август, е крстена во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје и тој ден се смета за нејзин роден ден.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top