Македонија

Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Во Оснопвниот кривичен суд денеска се очекува да биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје во јануари годинава. Според обвинението, Јованов на 29 јануари без возачка дозвола управувал возило со брзина од 91 километри на час. На пешачки премин на црвено светло удрил во […]

Во Оснопвниот кривичен суд денеска се очекува да биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје во јануари годинава.

Според обвинението, Јованов на 29 јануари без возачка дозвола управувал возило со брзина од 91 километри на час.

На пешачки премин на црвено светло удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло.

Кулакова од силината на ударот починала на лице место.

За делото за кое се товари Јованов, е предвидена затворска казна до 20 години.

Обвинителен предлог ЈО поднесе и против таткото на Васил, Зоран Јованов, кој се товари за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според обвинението, тој му дозволувал на својот син да управува со патничко моторно возило „Пежо 207“ и покрај тоа што знаел дека е сторител на сообраќајни прекршоци и дека нема возачка дозвола.

На минатото рочиште се изведуваа докази кои се однесуваат на висината на казната, а Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top