Астрономски, пролетта почнува со пролетната рамноденица — момент кога денот и ноќта се речиси еднакви насекаде на планетата. Тоа е точката кога Сонцето „ја преминува“ небесната рамнина на екваторот и од денес на северната хемисфера почнува да доминира светлината.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
„Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени“.
Во Скопје, пак, минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремен засилен ветер. Во понеделник ќе има услови за слаби врнежи од дожд.