Македонија

Денеска сончево, утре локална нестабилност

Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Денеска ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови.

Во Скопје: Сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од северен правец.

Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top