Македонија

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

Тој го обвини врвот дека е единствен одговорен за незадоволството меѓу членовите, за лагите, конструкциите и манипулациите, како и за исклучувањето на СДСМ од клучните процеси во државата.

Деспотовски истакна дека сегашното раководство ја носи одговорноста за неучеството на средби со лидерите на најголемите партии, за инаетењето со важни законски проекти поврзани со безбедноста на граѓаните и за водење дневна борба со медиуми и новинари.

Тој го оцени актуелното случување како надминато внатрепартиска дебата – станува збор за свесна клевета и политичка хајка што го гази угледот на партијата и на неговото име.

„Отворањето на внатрешни битки и поделби е политика на сегашното раководство… Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ“, порача тој.

Ова е продолжение на подолготраен конфликт во СДСМ, каде Деспотовски претходно реагираше на обвинувања дека дејствува како „петтоколонаш“ или предавник одвнатре, а партиското раководство бараше негово исклучување. Конфликтот се интензивира по изборните порази и внатрепартиските тензии.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top