Македонија

Девојче (12) од Штип тепано, клоцано, снимано со месеци, адвокатката Ристова ги гони родителите на насилниците и снимачите! (Вознемирувачко видео)

Страотни снимки од насилство врз дете сподели адвокатката Маја Ристова, која посочи дека станува збор за врсничко насилство во Штип. На нив се гледа како на девојче му се удираат шлаканици, удирано со боксови по глава и тело, но и клоцано додека лежи на земја. Насилството, според наводите, се случувало на повеќе локации во градот. Во изминатиот период зачестени се случаите на врсничко насилство. Пред ова, јавноста беше потресена и од случајот во Ѓорче Петров, каде девојче, според информациите, било тепано, раскрварено, горено со цигари и присилувано на понижувачки дејства од група врсници.

МВР по службена должност поднело кривична пријава до Обвинителството против малолетниците, кое води постапка пред суд за кривичните дела „насилство врз дете“ и „неовластено снимање“ против, децата кои учествувале во нападите и ги снимале насилничките сцени. Но одговорност за родителите – не побарале. Затоа, адвокатката Маја Ристова поднела кривични пријави против родителите на децата, кои тепале и снимале, за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“. Според кривичната пријава, насилството траело три месеци, од јуни до септември минатата година.

„Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. За кривичното дело ‘Насилство врз дете’ обвинителот предложи воспитна мерка ‘Засилен надзор од страна на ЦСР’, судот процени дека мерката е строга, па изрече ‘Засилен надзор од страна на родител’ (пресмешно). Предметот е во жалбена постапка. За кривично дело ‘Запуштање и малтретирање на дете’ беа отфрлени кривичните пријави, за да биде вратен по жалба предметот на повторно одлучување. Поентата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи ‘Рибникар’, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот ‘Ивана и Катја’“, вели адвокатката Маја Ристова.

Според кривичната пријава, Ристова бара одговорност од родителите на малолетниците, по малтретирањето на 12-годишната жртва. Таа наведува дека девојчето било континуирано изложено на физичко и психичко насилство од група ученици. Во пријавата се наведува и дека мајката на оштетеното девојче реагирала, откако добила повеќе вознемирувачки видеа снимени од мобилни телефони, на кои се гледало како група ученици ја малтретираат жртвата. Според документите, случајот бил пријавен во МВР Штип, училиштето ООУ „Ванчо Прке“, Центарот за социјална работа, Основното јавно обвинителство, Народниот правобранител и Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Адвокатката Ристова посочува дека револтот кај неа се јавил, бидејќи за случајот со насилството во Ѓорче Петров веднаш имало институционална реакција, додека за овој случај, како што тврди, постоел обид да се сокрие. Таа со кривичната пријава бара и вештачење на мобилните телефони, за да се утврди кога се направени снимките, каква била комуникацијата меѓу учениците и со кого биле споделувани материјалите. „Најголемиот револт кај мене е што за скопскиот случај веднаш се крена прашина, а овој е идентичен случај, дури имало и обид за самоубиство или самоповредување кај оштетената, но се врши обид случајот да се сокрие.“, вели Ристова.

Според неа, 12-годишното девојче има сериозни психички последици од насилството.

Видео

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top