Возач на автобус тајно влегол и направил скици од воени објекти во тетовската касарна објави денеска МВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишниот А.Ш. од скопското село Студеничан, поради сомнение дека неовластено влегол во воени објект.
Во објектот на АРМ ,,Џејмс Бонд од Студеничани” направил скици и цртежи од воениот простор и борбената опрема.
Според информациите од полицијата, осомничениот работел како возач на автобус за компанија ангажирана од Министерството за одбрана за организиран меѓугарнизонски транспорт, а на 17 февруари оваа година влегол во касарната во Тетово.
„Во близина на тетовската касарна, тој направил три видеа, кои подоцна ги споделил преку мобилна апликација“, се наведува во полицискиот извештај.
Одделот вели дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.