Свет

САД и Иран ја завршија првата фаза од преговорите во Исламабад

Двете страни со тврди позиции во Пакистан

Првата фаза од директните разговори меѓу САД и Иран во Пакистан е завршена, објави Ал Џезира. Двете страни сега разменуваат писмени текстови со цел да потврдат дека постигнатите договори се усогласени.

Ова претставува историски момент, бидејќи станува збор за први директни преговори меѓу Вашингтон и Техеран од Исламската револуција во 1979 година. Пакистанските аналитичари велат дека процесот е значаен не само симболично, туку и суштински, бидејќи може да отвори пат кон деескалација на конфликтот.

Иранското Министерство за надворешни работи во меѓувреме остро реагираше на „двојните стандарди“ во американските медиуми, обвинувајќи дека се нормализира јазик кој поттикнува државен тероризам.

Преговорите во Исламабад се внимателно следени од меѓународната јавност, со надеж дека размената на текстови ќе донесе конкретни резултати и ќе ја зајакне довербата меѓу двете страни.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top