Македонија

ДИК: 13 независни кандидати започнале постапка за собирање потписи за градоначалник

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА, до 28 август 2025 година, 13 независни кандидати започнале постапка за собирање потписи за градоначалници во следните општини

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА, до 28 август 2025 година, 13 независни кандидати започнале постапка за собирање потписи за градоначалници во следните општини: Македонска Каменица, Куманово, Охрид, Дебарца, Дебар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и Град Скопје. Сите кандидати ги поднеле своите кандидатури, освен во Куманово, каде процесот на собирање потписи сè уште е во тек.

Истовремено, во пет општини — Дебар, Кочани, Чешиново Облешево, Битола и Могила — се собираат потписи за советнички листи за општинските совети. Во Битола, постапката за собирање потписи за советници е сè уште активна, додека во останатите општини листите со собрани потписи се веќе поднесени.

Од ДИК истакнуваат дека досега не се забележани значителни разлики во интересот за собирање потписи меѓу општините. Исто така, нема пријавено проблеми во врска со процесот на собирање потписи во ниту едно од подрачните одделенија на ДИК.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top