Македонија

ДИК: Без проблеми тече гласањето на болните, затворениците и лицата во установи за грижа

ДИК прифати три приговори поднесени од граѓани за лично избирачко право, а одби седум како неосновани

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 147. седница прифати три приговори поднесени од граѓани за лично избирачко право, а одби седум како неосновани.

Отфрлени беа приговорите на Радица Радеска и Гордана Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди и Иџал Камбери од Желино, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени се приговорите на Божидар Алтипармаков од Битола, како и на Адис Таири и Едина Таири од Гостивар.

Од ДИК информираа дека тројцата ќе можат утре да го остварат своето право на глас, со обврска да го приложат решението што ќе го добијат од Комисијата, како доказ за запишување во дополнителниот образец на Избирачкиот список.

На седницата беше усвоена и одлука за поништување на потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ). Причина за поништувањето е утврдено присуство на починато лице на листата, по добиена информација и прибавен доказ од матична книга на умрени.

„ДИК констатира дека потврдената листа се поништува и дека гласовите дадени за истата ќе се сметаат за неважечки. Избирачките одбори се должни тоа да го евидентираат во записниците за гласање“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој додаде дека случајот е проследен до Јавното обвинителство за натамошна постапка.

Членот на ДИК, Александар Даштевски, потсети дека ваков случај имало и минатата година кога Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа, по што била покрената кривична постапка.

На седницата беше соопштено дека за следење на утрешните локални избори се акредитирани 1.463 набљудувачи, од кои 807 домашни и 644 меѓународни, како и 12 странски новинари.

 

Најнови вести од: Македонија

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top